СПОРТ
СПОРТ
НА 34 години КУШ извози до злато

Швајцарецот Дидие Куш на 34-годишна возраст го освои првиот
златен медал во кариерата, откако вчера победи на машката суперџи-трка
на Светското првенство во францускиот ски-центар Вал Дизер. Куш сезонава
немаше ниту една победа на трките од Светскиот куп, а вчера ја лизна
конкуренцијата. Тој патеката во Вал Дизер ја мина за 1 минута, 19
секунди и 41 стотинка што му донесе триумф и титула светски првак во
дисциплината која е микс на спуст и велеслалом. Сребрениот медал се
најде на градите на Петер Фил од Италија, кој заостана 99 стотинки,
додека бронзата му припадна на Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал, кој
имаше 1 секунда и две стотинки послабо време од Куш, кој стартуваше како 16-ти.
Најголем успех досега на Куш му беше второто место во суперџи на Зимските
олимписки игри во Нагано 1998, а има и бронза во велеслалом од СП во Оре
пред две години. Швајцарецот две години по ред беше најдобар спусташ во
Светскиот куп. Дидие Дефаго, кој победи на спустовите во Венген и Кицбил,
вчера во суперџи беше само осми и не успеа да го потврди своето место
како најбрз швајцарски скијач. Светскиот првак од претходното СП, Патрик
Штаудахер од Италија, вчера заостана дури 2 секунди и 61 стотинка.
Потфрли и Херман Маер, кој годинава е лидер во суперџи, но во
Вал Дизер имаше речиси три секунди послабо време од Куш.
Денес мажите и жените ќе
тренираат спуст. Утре жените се борат за медали во супер-комбинација.
Останати статии од оваа рубрика:
| РУБРИКИ |
| Насловна |
| Свет |
| Пари |
| Македонија |
| Регионал Инфо |
| Спорт |
| Култура |
| Хроника |
| Actual |

МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИФилип Македонецот ...
за нашата иднина...

| ОТВОРЕНО |
| Дом |
| Life Style |
| ИНФО Сервис |
| Занимливости |

- BLOG
World Wide Web
ЖИВОТ 1.0
Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.
- MAIL
Контакт
Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.
- SHOW
Search This Site
За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.
- PROFILE
Your Profile - ТЕСТ

Агенцииски ВЕСТИ (CNN)
| ВЕСТ ПО ВЕСТ |
| Курсна листа | ||
|
Број: - - продажен курс за: дд. мм. 2009. | ||
| USD | 001 | 46.3074 |
| EUR | 001 | 61.4129 |
| GBP | 001 | 67.3978 |
| CAD | 001 | 37.6305 |
| AUD | 001 | 30.9011 |
| CHF | 001 | 41.3332 |
![]() |
|
|
|
За Cbox-от Сервис за почеток... Повеќе инфо за сервисот |
|
|























