Регионал ИНФО
Регионал ИНФО
АМФAКСИТИДА
АМФAКСИТИДА
Г Е В Г Е Л И Ј А
Пиеме ли во ГЕВГЕЛИЈА канцерогена вода?
Не еднаш е кажано дека водата одсекогаш претставувала и ќе претставува извор на живот.
Без јадење се може но без вода,никако. Уште се вели дека водата во светски рамки претставува
толку голем проблем денеска што некои аналитичари предвидуваат дека Третата светска војна,
доколку ја има, ќе биде војна за вода. Наликува на фантастика но веќе утре ќе биде сурова
реалност. Денеска здрава и чиста вода претставува реткост, а уште повеќе ќе биде реткост во наредниот период.
Македонија барем до сега, се чини има среќа да пие колку толку чиста и квалитетна вода. Но и ние почнуваме да го плаќаме данокот на модерното време, на глобалното загадување, така што многу извори, бунари, реки и езера од кои користиме вода за пиење почнуваат да се се загадуваат.
Како е на тој план во нашиот регион, поточно во Гевгелија и Гевгелиско?
На последните неколку седници на Советот на Општина Гевгелија, отпрво срамежливо
а на последната седница веќе и потранспарентно се допира и проблемот со водата за пиење.
Во извештајот за работењето на ЈПКД „Комуналец„ Гевгелија за 2003 година стои набележано дека се вршени, во текот на целата година, редовни контроли и анализи на водата за пиење кои ги врши Заводот за здравствена заштита Велес-Подрачна единица Гевгелија, се контролира секојдневното присуство на хлор во водата и се вршат редовни санитарни прегледи на лица кои се во контакт со водата за пиење. Мерни места од каде се земаат мостри за анализа се: Резервоар, с.Селемлија, с.Стојаково, с.Богородица, с.Мрзенци, с.Моин, и тоа еднаш месечно, и Комуналец, Болница, ОУ.„Крсте Мисирков, „Детска градинка, Железничка станица, четири пати месечно. Исправноста на водата за пиење се утврдува со прегледи на водата и тоа бактериолошки, хемиски, радиолошки и биолошки.
И до тука се е в ред. Но секогаш има едно арно ама. Тоа го слушнавме и на последната седница на Советот, нема индуктивен протомер на излезот од резервоарот а со тоа не се знае колкаво количество вода се произведува, односно се потрошува. Сите сегашни податоци кои ги имаат надлежните се на границата на претпоставките. Хлорирањето на бунарското подрачје 'Моин' е решено со дозирање на течен хлор кое пак не е решено во зависност од протокот на количината на водата па затоа понекогаш имаме повеќе а некогаш помалку концентрација на хлор во мрежата. Хлорирањето пак на бунарското подрачје „Вардар„ се врши на многу примитивен начин па може да се смета дека на ова бунарско подрачје нема хлорирање. Во стариот дел од градот Гевгелија водоводната мрежа е изградена уште во 1963 година и истата е во дотраена состојба. Подземен катастар на водоводната мрежа нема така да не се знае колку и каква е подземната ситуација со цевките низ кои протекува водата за пиење.
Она што буди искра на сомневање во квалитетот на водата што ја пиеме е тоа што податоци од извршените анализи на исправноста на водата не се објавуваат. А би требало со оглед на тоа што поголемиот број на цевки низ кои минува водата се азбестно цементни, а знаеме дека азбестот е штетен за здравјето на луѓето. Исто така постојат и ПВЦ цевки, поливинилски и ПЕ, полиетиленски, материјали кои според некои стручњаци се исто така штетни по здравјето на луѓето.
Знаеме дека тешко оди со прибирањето на финансиските средства од граѓаните, односно за потрошената вода од нивна страна, но сепак што поскоро треба да се размислува за замена на азбестните цевки. Знаеме дека сето тоа чини но, сепак, мора да признаеме дека повеќе чинат човечките животи.

новинар
Останати статии од оваа рубрика:
| РУБРИКИ |
| Насловна |
| Свет |
| Пари |
| Македонија |
| Регионал Инфо |
| Спорт |
| Култура |
| Хроника |
| Actual |

МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИФилип Македонецот ...
за нашата иднина...

| ОТВОРЕНО |
| Дом |
| Life Style |
| ИНФО Сервис |
| Занимливости |

- BLOG
World Wide Web
ЖИВОТ 1.0
Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.
- MAIL
Контакт
Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.
- SHOW
Search This Site
За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.
- PROFILE
Your Profile - ТЕСТ

Агенцииски ВЕСТИ (CNN)
| ВЕСТ ПО ВЕСТ |
| Курсна листа | ||
|
Број: - - продажен курс за: дд. мм. 2009. | ||
| USD | 001 | 46.3074 |
| EUR | 001 | 61.4129 |
| GBP | 001 | 67.3978 |
| CAD | 001 | 37.6305 |
| AUD | 001 | 30.9011 |
| CHF | 001 | 41.3332 |
![]() |
|
|
|
За Cbox-от Сервис за почеток... Повеќе инфо за сервисот |
|
|























