ПАРИ ЕКОНОМИЈА
ПАРИ ЕКОНОМИЈА
Macedonian Economy
Проблемот „Сведмилк“ решен, млекарите ќе си ги добијат парите
Кризата со „Сведмилк“ е надмината. Најден е купувач за млекарницата. На фармерите ќе им биде исплатен половината од долгот до крајот на неделава, а останатите пари ќе ги добијат парцијално, во следните два до три месеца, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски пред членовите на ресорната собраниска Комисија.

Macedonian Economy - „Сведмилк“
Според него, сточарите - кооперанти на „Сведмилк“ вчера потпишале договори согласно
кои е дефинирано и дека сите новооткупени количини млеко ќе им се плаќаат на 15 дена.
Случајот со шведската млекарница не беше млечна криза, туку проблем на правен
субјект во кој Владата не можеше да се меша. Можевме да помогнеме само од аспект
на привлекување инвеститори. Тоа и го сторивме, истакна Спасеноски.
Министерството постојано ја следеше ситуацијата согласно
определбата дека никој не смее да ги става фармерите во подредена
положба. Така, нагласи Спасеноски, ќе биде и во иднина.
Од август досега работната група што беше формирана конкретно за овој
проблем, се состана најмалку 20 пати. Во текот на тие средби бевме
информирани дека „Сведмилк“ им должи 3,5 милиони евра на 2.455 фармери.
Воедно бевме известени и дека се бара купувач, истакна Спасеноски.
За фармерите, проблемот со неплатеното млеко е веќе завршена работа.
Решението е речиси изнајдено. Деновиве очекуваме да се надмине 100
проценти, напомена Трајче Трајков, фармер и член на Сојузот
на земјоделците, кој присуствуваше на седницата на Комисијата.
Тој ја обвини претходната Влада дека воопшто не се грижела за земјоделците,
за разлика од оваа која, како што рече, обезбеди субвенции за купување
механизација, за литар млеко и за грло, како и поволни кредити за опрема и стока
извор влада на РМ
Останати статии од оваа рубрика:
| РУБРИКИ |
| Насловна |
| Свет |
| Пари |
| Македонија |
| Регионал Инфо |
| Спорт |
| Култура |
| Хроника |
| Actual |

МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИФилип Македонецот ...
за нашата иднина...

| ОТВОРЕНО |
| Дом |
| Life Style |
| ИНФО Сервис |
| Занимливости |

- BLOG
World Wide Web
ЖИВОТ 1.0
Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.
- MAIL
Контакт
Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.
- SHOW
Search This Site
За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.
- PROFILE
Your Profile - ТЕСТ

Агенцииски ВЕСТИ (CNN)
| ВЕСТ ПО ВЕСТ |
| Курсна листа | ||
|
Број: - - продажен курс за: дд. мм. 2009. | ||
| USD | 001 | 46.3074 |
| EUR | 001 | 61.4129 |
| GBP | 001 | 67.3978 |
| CAD | 001 | 37.6305 |
| AUD | 001 | 30.9011 |
| CHF | 001 | 41.3332 |
![]() |
|
|
|
За Cbox-от Сервис за почеток... Повеќе инфо за сервисот |
|
|























