МАКЕДОНИЈА
МАКЕДОНИЈА
Дали ќе има правда за Македонците во Стразбур
Во политички случај за Советот на Европа, се
претворија настаните околу регистрацијата на ОМО „Илинден“ - ПИРИН
Комитетот на министрите на Советот на Европа, кој е задолжен за следење на
пресудите на Судот за човекови права, три години по донесувањето на пресудата
од 19 јануари 2006, се' уште не може да ја спроведе во целост пресудата со
која се бара регистрација на ОМО „Илинден“ – ПИРИН, политичка партија на
непризнатото македонско малцинство во Бугарија. Властите од Бугарија и понатаму
продолжуваат со убедувањата дека тие во целост ја спровеле
пресудата, иако партијата се' уште не може да се регистрира.
Стразбур - Предметот ОМО „Илинден“ - ПИРИН против Бугарија никако да добие разврска во Стразбур.
Полека, но сигурно, иако не сака да се признае тоа, тој се претвора во „политички случај“, кој
станува вистински тест за капацитетите на Советот на Европа во областа на спроведувањето на пресудите
на Европскиот суд за човекови права. Тоа се случува во моментот кога најстарата паневропска организација
слави 60 години од своето основање и 10 години
од почетокот на работата на постојаниот Европски суд за човекови права.
Последната епизода од „фељтонот“ во Стразбур се случи речиси истовремено
кога судот од Софија уште еднаш ја одби регистрацијата на ОМО „Илинден“ - ПИРИН.
Комитетот на министрите безуспешно се обидуваше да му даде одговор
на членот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Борис Цилевич, кој
од пред десетина месеци се интересира да дознае што е
направено за целосното исполнување на оваа пресуда.
Во напорите да се најде компромисен одговор, по неколку одлагања на
гласањето во Стразбур, беше организирана средба меѓу претставниците
на Македонија и Бугарија, со посредство на шпанското претседателство
на Комитетот на министрите, кои требаше да најдат компромисен одговор
за прашањето на Цилевич. На средбата, како и што можеше да се претпостави,
не беше постигнат компромис. По предметите за ОМО „Илинден“ - ПИРИН
Република Македонија досега принципиелно бараше спроведување на одлуките
и почитување на стандардите на Советот на Европа од другите земји-членки,
во случајов Бугарија. Како што се бара тоа и од Македонија во многу наврати.
Тој неофицијално доби карактер
на отворено билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија.
Генералниот секретар на Советот на Европа, Тери Дејвис.
„Ова прашање е јаболко на раздорот меѓу поранешната југословенска
република Македонија и Бугарија. Не сакам јавно да зборувам за ова,
за него се расправа на ниво на Комитетот на министрите на СЕ, за ова
се зборуваше изминатите недели и се надеваме дека ќе биде најдено решение“.
Министерот за надворешни работи на Шпанија, Мигуел Ангел Моратинос.
„Не сум во тек со ова. Во целост сме ангажирани за да се создаде
еден поефикасен Европски суд за човекови права и за поефикасно
спроведување на неговите пресуди. Но, навистина не бев во тек дека
бевме посредници во овој предмет. Но, ако не успеавме, сепак, се обидовме“.
Најмногу изненадува префрлањето на еден типичен предмет, во
кој е констатирано кршење на Европската конвенција за правата на
човекот во членот за слободно здружување, во сферата на билатерални проблеми.
Советот на Европа не смееше да си го дозволи ова ако сака и понатаму да
ја има водечката улога во заштитата на човековите права во Европа,
во која се подразбираат и правата на малцинствата.
Од друга страна, во случајот со ОМО „Илинден“ - ПИРИН, Р. Македонија
воопшто и не требаше да се појавува како заинтересирана страна,
иако таа индиректно е тоа. Таа сега се стави во ситуација самата
да преговара со Бугарија за тоа како да се најде решение за
регистрацијата на партијата на непризнатото македонско малцинство
во Бугарија, иако за ова постои пресуда од највисоката европска
судска инстанција, која Бугарија, сака или не, мора да ја почитува.
Ова може да се поврзе и со замката во која Македонија
се фати со случајот „Радко“, а во кој Бугарија официјално се
појави како трета страна во тужбата против Македонија, која ја
доби во Стразбур. Во донесената пресуда за „Радко“ Европскиот суд
за човекови права јасно направи разлика во суштинското прашање
што го отвораат двата случаја. Во предметот ОМО „Илинден“ - ПИРИН
се бара признавање на постоењето на македонското малцинство во
Бугарија, додека во „Радко“ се негира постоењето
на македонскиот народ во неговата сопствена држава.
Во случајот ОМО „Илинден“ - ПИРИН и другите против Бугарија
не се работи само за правото на слободно здружување на група
бугарски државјани, кои се чувствуваат како етнички Македонци,
туку со него се мери и кредибилноста на Советот на Европа и
неговата способност на дело да ги преточи убавите зборови запишани на хартија.
Останати статии од оваа рубрика:
| РУБРИКИ |
| Насловна |
| Свет |
| Пари |
| Македонија |
| Регионал Инфо |
| Спорт |
| Култура |
| Хроника |
| Actual |

МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИФилип Македонецот ...
за нашата иднина...

| ОТВОРЕНО |
| Дом |
| Life Style |
| ИНФО Сервис |
| Занимливости |

- BLOG
World Wide Web
ЖИВОТ 1.0
Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.
- MAIL
Контакт
Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.
- SHOW
Search This Site
За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.
- PROFILE
Your Profile - ТЕСТ

Агенцииски ВЕСТИ (CNN)
| ВЕСТ ПО ВЕСТ |
| Курсна листа | ||
|
Број: - - продажен курс за: дд. мм. 2009. | ||
| USD | 001 | 46.3074 |
| EUR | 001 | 61.4129 |
| GBP | 001 | 67.3978 |
| CAD | 001 | 37.6305 |
| AUD | 001 | 30.9011 |
| CHF | 001 | 41.3332 |
![]() |
|
|
|
|























