МЕСЕЧЕВА ДИЕТА
МЕСЕЧЕВА ДИЕТА
ДИЕТИ
ДИЕТА ИЛИ ПОСТ
Месечевата диета во последно време е една од најпопуларните диети и за неа доста се зборува.
Покрај што ги намалува вишокот од килограми и го чисти организмот од токсини, оваа диета се
базира на само едно правило: не е дозволено да се јаде ништо 24 часа од првиот час на промената
од лунарната фаза. Поточно тоа е пост кој започнува во точно одреден час, во време на
Месечевата мена и промена на магнетното поле на земјата (во времетраење од 24 часа).
ДИЕТА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛНА И МЛАДА МЕСЕЧИНА
Слабеењето во периодот помеѓу третата фаза и младиот месец е многу полесно, може
да се рече некако природно, па и целиот труд на симнување на килограмите е олеснет.
Токму поради оваа во овие месечеви мени и се препорачува постот. За време на полната Месечина
телото(организмот) највоочливо ја користи и преработува храната, а за време на
младата Месечина најдобро се ослободува од масните наслаги и различните токсини.
Во текот на денот би требало да испиете најмалку 2, а може и до 4 литри течности (препорачливо е тоа да биде вода, никако засладени чаеви или газирани пијалоци). Може да се пијат и овошни сокови, но само природни, без никакви додатоци, додека алкохолните и млечните пијалоци се забранети. Оваа диета не е препорачлива за симнување на преголеми тежини (телесна маса), но секако е за правилно одржување и јакнење на организмот, како и подигање на одбранбените способности на организмот.
УПАТСТВО
Обрнете малку внимание на себе и пробајте го следново:
Кога месечината се намалува, јадете храна која инаку редовно ја конзумирате и на која сте навикнати.
Во тоа време на телото не се ‘лепи’ храната како кога Месечината се наоѓа во некоја од другите фази.
Кога месечината расте, јадете помалку од вообичаеното, или земајте помали количини на храна на која
сте навикнати. Кога месечината е млада или полна месечина, еден ден обавезно одредете се за ‘пост’.
За време на полната месечина, телото највоочливо ја користи и преработува храната, а за време на
младата месечина, најлесно и најдобро се ослободува од маснотиите и различните токсини. Без радикални
потфати и на многу едноставен и скоро неприметен начин, по неколку месеци може да стекнете многу
корисно животно искуство кое ќе ве исполни со позитивно расположение, поголема самодоверба и
задоволство како последица на подобрената психофизичка состојба. При тоа може успешно да се ослободите
барем од оној критичен дел на вишок од килограми, без било какви маки и штетни последици по организмот.Инаку, ако се одлучите да ‘постите’ еден ден за време на младата месечина, познато е дека на на таков начин може да спречите и појава на разноразни болести. Поточно, во тоа време подготвеноста на организмот, да се ослободи од наталожените отрови и штетни состојки, е многу поголема од вообиченото. Врз основа на досегашните резултати – кога се работи за одвикнување од пушење или алкохол, од прекомерност во храната или конзумирање на преголеми количини на кафе – се покажа дека изгледите за успех се многу подобри (поголеми) во оваа фаза на месечева мена отколку поинаку. Во фазата на младиот месец, сите овие ‘губитоци’ многу полесно се поднесуваат.
ПОВРЗАНОСТ НА МЕСЕЧИНАТА И СЛАБЕЕЊЕТО
Месечината има слично влијание на телесните течности какво што има на плимата и осеката.
Поточно, за време на месечевите мени доаѓа до засилено излачување на течности кои организмот
инаку ги задржува поради разни причини, во прв ред лошиот начин на исхрана. Поради тоа
килограмите побрзо се губат без било какви штетни последици.
Во деновите по третата четвртина Месечината и овозможува на телесната енергија побрзо да
тече и полесно да се ослободува со што телото го прави повеќе подвижно и поактивно. Таквото
влијание на Месечината воедно е и причина зошто баш во деновите на третата четвртина
несоницата се појавува почесто отколку во некои други периоди-фази.

МЕСЕЧЕВИ МЕНИ
Млада Месечина
- кога месечината се наоѓа помеѓу Земјата и Сонцето, гледано од
Земјата, тој е ‘невидлив’. Во календарот се прикажува со затемнет круг.
Прва четвртина
– кога оската Месечина-Земја формира прав агол со оската Земја-Сонце.
Прва четвртина или полумесечина настапува 6 дена по новата Месечина. Во календарот е
прикажан како круг чија лева половина е затемнета (засенчена).
Полна Месечина
– Земјата се наоѓа помеѓу Сонцето и Месечината која е потполно
осветлена со сончева светлина. Полната Месечина е прикажана со незатемнет (незасенчен) круг.
Последна четвртина
– положба на планетите е како и во првата четвртина, но сега е
видлива левата страна на месечината. Во календарот е прикажана како
круг чија десна половина е затемнета (засенчена).
Еве ги и датумите за 2009. година за да не мора да ја следите месечината секој ден.
| First Quarter | Full Moon | Last Quarter | New Moon |
| 6 JANUARY; First Quarter 17:56 h |
14 JANUARY; Full Moon 10:48 h |
22 JANUARY; Last Quarter 03:46 h |
29 JANUARY; New Moon 08:55 h |
| 02 FEBRUARY; First Quarter 24:13 h |
09 FEBRUARY; Full Moon 15:49 h |
16 FEBRUARY; Last Quarter 22:37 h |
25 FEBRUARY; New Moon 02:35 h |
| 04 MARCH; First Quarter 08:46 h |
11 MARCH; Full Moon 03:38 h |
18 MARCH; Last Quarter 18:47h |
26 MARCH; New Moon 17:06 h |
| 02 APRIL; First Quarter 16:34 h |
09 APRIL; Full Moon 16:56 h |
17 APRIL; Last Quarter 15:36 h |
25 APRIL; New Moon 05:23 h |
| 01 MAY; First Quarter 22:44 h |
09 MAY; Full Moon 06:01 h |
17 MAY; Last Quarter 09:26 h |
24 MAY; New Moon 14:11 h |
| 31 MAY; First Quarter 05:22 h |
07 JUNE; Full Moon 20:12 h |
15 JUNE; Last Quarter 24:14 h |
22 JUNE; New Moon 21:35 h |
| 29 JUNE; First Quarter 13:28 h |
07 JULY; Full Moon 11:21h |
15 JULY; Last Quarter 11:53 h |
22 JULY; New Moon 04:34 h |
| 28 JULY; First Quarter 24:00 h |
06 AUGUST; Full Moon 02:55 h |
13 AUGUST; Last Quarter 20:55 h |
20 AUGUST; New Moon 12:01 h |
| 27 AUGUST; First Quarter 13:42 h |
04 SEPTEMBER; Full Moon 18:03 h |
12 SEPTEMBER; Last Quarter 04:16 h |
18 SEPTEMBER; New Moon 20:44 h |
| 26 SEPTEMBER; First Quarter 06:50 h |
04 OCTOBER; Full Moon 08:10 h |
11 OCTOBER; Last Quarter 10:56 h |
18 OCTOBER; New Moon 07:33 h |
| 26 OCTOBER; First Quarter 01:42 h |
02 NOVEMBER; Full Moon 20:14 h |
09 NOVEMBER; Last Quarter 16:44 h |
16 NOVEMBER; New Moon 20:14 h |
| 24 NOVEMBER; First Quarter 22:39 h |
02 DECEMBER; Full Moon 08:30 h |
09 DECEMBER; Last Quarter 01:13 h |
16 DECEMBER; New Moon 13:02 h |
| 24 DECEMBER; First Quarter 18:36 h |
31 DECEMBER; Full Moon 20:13 h |
/ |
/ |
|
напомена: сите податоци се по СЕВ односно средноевропско време, по кое и се смета времето во нашата земја, а внесено е и летното/зимското сметање на времето. |
|||
: : ВАЖНА НАПОМЕНА:
Диетите кои ги пренесуваме се дел од “народните преданија”. Не е препорачливо користење на
ниту еден вид диета без претходна консултација со лекар. Диетите ги пренесуваме со најдобри
намери и затоа не се сметаме за одговорни за неуспехот на истите, нивните можности за штетноста
по здравјето како ниту за други последици кои примената може да ги предизвика, па затоа и
спроведувањето на оваа диета го превземате на сопствена одговорност.
Останати статии од оваа рубрика:
| РУБРИКИ |
| Насловна |
| Свет |
| Пари |
| Македонија |
| Регионал Инфо |
| Спорт |
| Култура |
| Хроника |
| Actual |

МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИФилип Македонецот ...
за нашата иднина...

| ОТВОРЕНО |
| Дом |
| Life Style |
| ИНФО Сервис |
| Занимливости |

- BLOG
World Wide Web
ЖИВОТ 1.0
Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.
- MAIL
Контакт
Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.
- SHOW
Search This Site
За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.
- PROFILE
Your Profile - ТЕСТ

Агенцииски ВЕСТИ (CNN)
| ВЕСТ ПО ВЕСТ |
| Курсна листа | ||
|
Број: - - продажен курс за: дд. мм. 2009. | ||
| USD | 001 | 46.3074 |
| EUR | 001 | 61.4129 |
| GBP | 001 | 67.3978 |
| CAD | 001 | 37.6305 |
| AUD | 001 | 30.9011 |
| CHF | 001 | 41.3332 |
![]() |
|
|
|
За Cbox-от Сервис за почеток... Повеќе инфо за сервисот |
|
|























