ЦРНА ХРОНИКА
ЦРНА ХРОНИКА
АЛКОХОЛИЗАМ
Алкохолизмот е најраширената и најтолерираната токсикоманија, а алкохолот е легална дрога,
лесно достапна и присутна во сите згоди и незгоди на секојдневието.
Корените на употребата на алкохолните пијалоци се во придавањето различни вредности на алкохолните пијалоци.
Алкохолот е присутен во човековиот живот од дамнешни времиња, се спомнуваат богот Дионис
во грчката, Бахус во римската митологија, како богови на веселбата и виното. Алкохолните
пијалоци биле користени како храна, како лек, во религиозните ритуали и секако како средство
за уживање. И покрај сето тоа, има докази дека ризикот и штетното дејство на алкохолот
биле познати. Хипокрит пијантсвото го карактеризира како смислено предизвикување лудило,
а во Спарта на пијаниците им ги отсекувале нозете. Римската држава со своите закони им
забранувала на помлади да пијат пред 30 години. Во овој период се случува потполно
физичко созревање на личноста, таа формира семејство, се рагаат деца, а
пиењето акохол е ризично за здраво поколение.
ЗОШТО ЛУЃЕТО ПИЈАТ
Традиционално кај нас и на поголемиот дел на земјината топка алкохолот е присутен во
секојдневниот живот. Дел е од секојдневната исхрана, во моменти на радост,тага,обреди.
Од мали децата гледаат како нивните родители се веселат со чашката, па во нивната свест
се формира став дека послужувањето и пиењето алкохол се неопходни за да се покаже
гостопримство. Таквиот став и однос кон употребата на алкохол се пренесува од генерација
на генерација. Причините зошто кај некои луге се развива зависност од алкохол, а кај
други не, зависат од факторите: личност, средина и алкохол. Во некои семејства низ
генерации се јавуваат алкохолизмот и насилството, рака под рака. Тоа се поврзува со
примерите од постарите и со големото толерирање на пиењето и на насилното однесување
во некои средини. Како друг момент поради кој лугето пијат е заблудата дека алкохолот
е хранлив. Освен калории и јагленохидрати, алкохолот ги нема неопходните, хранливи материи,
протеини, витамини и минерали, за да може да замени оброк. Заблуда е дека алкохолот е лек.
Познати се верувањата дека мастиката е одлично средство за лекување на чир во
желудникот, коњакот дека му годи на срцето, дека виното ја поправа крвната слика,
а дека пивото е добро за бубрезите. Мегутоа фактите се сосема поинакви. Пиењето го
нарушува целокупното здравје на алкохоличарите. Тие имаат смалена отпорност на организмот,
заболуваат на црниот дроб, мозокот, сетилата, срцето и на крвните садови, и со краен
резултат скратување на векот на живеење за најмалку десет години. Постои заблуда
дека алкохолот загрева. Алкохолот ги шири периферните крвни садови и дава субјективно
чувство на топлина. Но, бидејки истовремено предизвикува и стегање на внатрешните
крвни садови, се појавува проблем со циркулацијата, па во зимно време алкохоличарите
се жртви на „белата смрт“. Убедувањата дека алкохолот ја зголемува самодовербата, го
подобрува сонот, смирува, се секако други можни заблуди и изговор за да се пие.
последици од алкохолизмот Цироза
ОД ПРВАТА ЧАША ДО ПИЈАНСТВО
Најчесто пиењето алкохол почнува во раната младост. Поновите податоци укажуваат
дека некаде до 18-та година многу млади луге веке имаат искуство со алкохолот,
пијансвата, па дури имаат и потешки последици од пиењето алкохол. Се почесто
момчињата и девојчињата пијат заедно исти пијалоци, а кај женската популација
процентот на зависни од алкохол е во значителен пораст. Младите земаат претежно
пиво, но и мешавини-коктели на жестоки пијалоци. Заради кревкоста на младиот
човек и немањето кондиција, се случува пијанството да биде со тешки последици,
како губење свест, кома, грчеви на телото. Ако не се превземе нешто во тие
моменти, често може да доведе и до смрт. По отрезнувањето може да се јави амнезија.
Пијанстовот зависи од количеството на алкохолот во крвта, констируцијата на
човекот, здравствената состојба, моменталното психичко расположение и од телесната тежина.
...
Останати статии од оваа рубрика:
| РУБРИКИ |
| Насловна |
| Свет |
| Пари |
| Македонија |
| Регионал Инфо |
| Спорт |
| Култура |
| Хроника |
| Actual |

МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИФилип Македонецот ...
за нашата иднина...

| ОТВОРЕНО |
| Дом |
| Life Style |
| ИНФО Сервис |
| Занимливости |

- BLOG
World Wide Web
ЖИВОТ 1.0
Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.
- MAIL
Контакт
Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.
- SHOW
Search This Site
За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.
- PROFILE
Your Profile - ТЕСТ

Агенцииски ВЕСТИ (CNN)
| ВЕСТ ПО ВЕСТ |
| Курсна листа | ||
|
Број: - - продажен курс за: дд. мм. 2009. | ||
| USD | 001 | 46.3074 |
| EUR | 001 | 61.4129 |
| GBP | 001 | 67.3978 |
| CAD | 001 | 37.6305 |
| AUD | 001 | 30.9011 |
| CHF | 001 | 41.3332 |
![]() |
|
|
|
За Cbox-от Сервис за почеток... Повеќе инфо за сервисот |
|
|























