ДОМ
ДОМ
С Е М Е Ј С Т В О
ПЕТ ЧЕКОРИ ЗА УСПЕШЕН РОДИТЕЛ
Воспитувањето на децата е една од најтешките работи на светот (ако воопшто може да се рече дека тоа е работа), но тоа е воедно и една од работите за која секогаш ќе се чувствувате неподготвени. Меѓутоа тоа е и една од ретките работи кои потполно ќе ве исполни. Ви носиме неколку совети за одговорностите во одгледувањто на децата кои би можеле да Ви помогнат како родител да се чувстувате исполнето, но и да уживате во и заедно со своите деца.

Негувајте ја детската самодоверба
Децата чувството за самите себе почнуваат да го развиваат уште како бебиња, кога за себе
'сознаваат низ Вашите очи'. Децата го впиваат Вашиот глас, говорот на телото како и
секој Ваш израз - гест. Родителските зборови и однесување повеќе од се друго, влијаат врз
формирањето и развојот на детската слика за себе. Ако го пофалите детето за
неговите постигнувања, колки и да бидат тие мали, во детето ќе се развие чувство на понос.
Ако му дозволите да работи само за себе, ќе му помогнете да се чувствува способен и независен.
Од друга страна, со омаловажување или преку негативни споредувања со други деца,
ќе се чувствува безвредно.
Избегнувајте двосмисленост во говорот, или уботребата на зборовите
како оружје како: 'Колку глупо од тебе!' или 'Се однесуваш понезрело од својот помлад брат!'.
Таквиот вид на коментари детето го погодуваат 'одвнатре' исто како што би го заболел и
ударот од 'надвор', а можеби и повеќе.
Бидете сочувствителини и зборовите бирајте ги внимателно. Нека детето научи дека сите
грешат и дека Вие и понатаму го сакате, дури и кога не ги сакате некои негови постапки
и однесувања.
Забележете го детското убаво однесување
Дали некогаш сте се запрашале колку пати сте реагирале негативно кон детските "игри"
(лудувања) во текот на денот? Можеби со тоа ќе откриете дека повеќе критизирате отколку што
делите комплименти. И како би се чувствувале Вие кога вашиот шеф би имал толку негативен набој,
па макар тој бил и добронамерен?
Многу поделотворен пристап е да се "фати" детето додека работи нешто добро како: 'Го направи
креветот без да те замолам па тоа е сјајно!' или 'Те гледав додека си играше со другите деца и бише многу трпелива
- мама е поносна на тебе!'.
Ако гледате на долги стази таквите изјави ќе го охрабрат доброто однесување,
за разлика од повторувањето на остирте прекорувања. насочете се кон тоа да
секој ден забележувате некоја добра постапка која можете да ја пофалите.
Бидете великодушни во наградувањето - Вашата љубов, прегратки и комплименти
можат да направат чуда и најчесто се доволна награда. многу брзо ќе се уверите дека
однесувањето на детето 'напредува' кон посакуваното.
Поставете граници и бидете доследни
Во секое семејство - дом неопходна е и дисциплина. Нејзината цел е да му помогне
на детето во изборот на пеифатливото однесување и учење на самоконтрола. Децата
најверојатно ќе ги испробуваат ограничувањата кои сте ги поставиле, но тие им се неопходни
како би можеле да постанат одговорни возрасни личности. Воспоставувањето на куќните
правила ќе му помогне на детето во разбирањето на вашите очекувања и развојот на
самоконтролата. Куќните правила би можеле да вклучуваат: нема ТВ пред вечера, или компјутерски
игри, или нема удирања и навредувања или навредливо провоцирање не е дозволено.
За да успеете во спроведувањето на тие правила, мора да имате систем "на место"
кога се во прашање кршење на правилата: нпр. едно предупредување, а потоа губење на
некои привилегии (како гледање на цртани, играње во паркот или прекин на играта).
Најчеста грешка на родителите е што не успеваат да бидат доследни во "казните".
Нема да го дисциплинирате детето ако еден ден реагирате на кршење на правилата, а
следниот ден ги игнорирате. Доследно воспитувајте ги своите деца следствено
на своите очекувања.
Имајте време за децата
Поради мноштвото од обврски, родителите и децата тешко можат да се најдат на заеднички
оброк - ручек или да поминат некое време во квалитетно дружење. Но најверојатно не постои
нешто што вашето дете би го сакало повеќе од тоа. Станете 10 минути порано како би појадувале
заедно со детето или пак одложете го миењето на садови и по вечерата отидете во заедничка
прошетка. На оние деца на кои им недостасува родителско внимание, а која силно ја
посакуваат почесто се однесуваат непримерно бидејќи се увериле дека на тој начин
вниманието ќе го усмерат на себе.
Повеќето родители на заедничко задоволство имаат закажано време за децата. На пример,
на детето му велите дека во вторник има посебна вечера со мама и тато и дозволете му
да самото одлучи како ќе го поминете тоа време. Секако можете да изнајдете повеќе
други начини за поврзување со детето - оставајќи порака или некоја посебна играчка.
Се чини дека адолесцентите посакуваат помалку внимание од своите родители за
разлика од помалите деца. Со оглед дека постојат помалку заеднички точки на
кои би се нашле родителите со децата, родителите би требало да направат се
да бидат достапни кога тинејџерот ќе изрази желба за разговор или учество во
семејните активности. Заедничко посетување на концерт, игри и други работи кои
можете да ги правите заедно ќе ви помогнат да дознаете повеќе за детето и
неговите пријатели.
Не чувствувајте грижа на совест ако сте вработен родител. Постојат многу "мали"
нешта кои може да ги правите со децата - подготовка на некое јадење, пуканки, играње карти,
разгледување излози, на кои со задоволство ќе се сеќава.
Бидете добар пример
Малите деца во голема мерка своето однесување го учат набљудувајќи ве Вас.
Што се помали, повеќе ќе се споредуваат со Вас. Па пред да експлодирате
и почнете да викате пред детето, размислете дали сакате Вашето дете да се
однесува така кога ќе се разлути. Стално бидете свесни дека вашето дете
Ве набљудува. Многу студии покажале дека децата кои се наклонети кон
агресивно однесување обично дома имаат пример за такво однесување.
Направете пример на особини кои сакате да ги
развиете во детето: почитување, пријателско расположение, љубезност, чесност,
толеранција. Покажувајте несебично однесување. Правете им добро на други луѓе
без да очекувате противуслуга или награда.
Заблагодарувајте се и делете комплименти.
И пред се однесувајте се кон своето
дете онака како што сакате другите да се однесуваат кон Вас.
trend-socio
Останати статии од оваа рубрика:
| РУБРИКИ |
| Насловна |
| Свет |
| Пари |
| Македонија |
| Регионал Инфо |
| Спорт |
| Култура |
| Хроника |
| Actual |

МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИФилип Македонецот ...
за нашата иднина...

| ОТВОРЕНО |
| Дом |
| Life Style |
| ИНФО Сервис |
| Занимливости |

- BLOG
World Wide Web
ЖИВОТ 1.0
Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.
- MAIL
Контакт
Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.
- SHOW
Search This Site
За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.
- PROFILE
Your Profile - ТЕСТ

Агенцииски ВЕСТИ (CNN)
| ВЕСТ ПО ВЕСТ |
| Курсна листа | ||
|
Број: - - продажен курс за: дд. мм. 2009. | ||
| USD | 001 | 46.3074 |
| EUR | 001 | 61.4129 |
| GBP | 001 | 67.3978 |
| CAD | 001 | 37.6305 |
| AUD | 001 | 30.9011 |
| CHF | 001 | 41.3332 |
![]() |
|
|
|
За Cbox-от Сервис за почеток... Повеќе инфо за сервисот |
|
|























