My Dobar Glas.Com
Dobar Glas Online
М А Г А З И Н
Google
BOOKMARK Насловна КИР LAT

ДОМ

ДОМ

С Е М Е Ј С Т В О


ЗА МАЈКИ И БЕБЕ


bebi prvi tri

БЕБЕТО ДОАЃА

Напомена: списокот е преземен од интернет форуми кеде членови разменуваат мислења, за неговата точност и дали истите производи може да се најдат кај нас, не можеме да знаеме и однапред се извинуваме! Зошто овој список, па поучени од лично искуство знаеме како е да се најдете во состојба кога нема кого да прашате, само со еден личен пример сакаме да илустрираме. По доаѓање од гинеколог сопругата цело време плаче, по извесно време се исповедува дека бебето, сега синот, е свртено нагоре и гледа во назад-грбот, а јас за да ја смирам велам дека бебето се врти секој ден и дека сигурно ќе се сврти до породувањето во правата положба. Не знам од кои причини се смири, а можеби и ми поверува, а јас тропнав по логика дека мислев би требало. И на крајот кога дојде породувањето бебето стварно беше во правилна позиција, но ...


Bebe



ОБЛЕКА ЗА БЕБЕ
Големина за означување на облеката за бебеиња се однесува на должината (висината) на бебето.
Повеќето од децата се раѓаат со околу 50 cm, но ретко се купува број 50 бидејќи бебињата брзо го надрастуваат.
Треба да се наслоните со тоа дека големината 56 бебето ја носи првите месец дена,додека бројот 62 го носи наредните два месеца..
Исперете ја целата облека која ја купувате, и немојте да користите омекнувач..
- Големина 56......... 5 -6 п-че
- Големина 62........ 10-12 п-че
Комплетчиња (штрамплици, гегички) - едноделни со стапала
-Големина 56.......  2-3 п-че
-Големина 62........ 5-6 п-че
Подобро би било да се копчаат помеѓу нозете, со тоа значително се олеснува промената на пелените.
Чорапчиња и папучи - најмала големина.....  4-5 п-че
Памучни капи - големина 56....    3-4 п-че
Ракавици....  3-4 пара
На малите бебиња се препорачува да не им се режаат-сечат ноктите, бер во првиот месец дена, поради можната повреда на кожата под ноктите. Обично ноктите кај бебињата правилно пукаат и отпаѓаат, но сепак децата доста се гребаат уште во породилиштето. Овие ракавици ги штитаат од од таквите гребања. Не е неопходно да ги купите порано, може и кога ќе забележите дека бебето се грба по лицето.




ПОСТЕЛНИНА
  • Вреќа за спиење Во почетокот не е неопходна, но подоцна кога бебето ќе почне со "гимнастика" тогаш злато вреди.
  • Ќебиња - најдобро памучни (2-3 п-че)- една подебела, една потенка и една за колицата. Памучните тешко се наоѓаат и не се 'влакнести' како синтетичките, но се поздрави. Згодно е да имате неколку - за ладните ноќи, за количката или комбинирајте со постелнината за креветчето - на бебето не му е потребна перница !! Паметно е да купите потенко и поголемо ќебе и во почетокот се користат на дупло, а не повеќе мали ќебенца бидејќи нив бебето ќе ги надрасне.
  • Постелнина за креветче - памучна (2 комп). Во почетокот додека бебето е мало, не прави многу "гимнастика", и поќесто блуцка, најлеснови е да менувате тетра пелени под главата, за да биде секогаш чисто, отколку секој ден да менувате чаршави, според оваа постелнина не ви треба во огромни количини.
  • Ограда за креветче (1 п-че). На пошетокот не е потребна, бебето во почетокот не се врти многу. Подоцна оваа оградица доаѓа во комбинација со постелнина. Штити од промаја, а подоцна и од удирања од оградата на креветот.
  • Гумирана подлошка за креветчето - мушама (1-2 п-че). Иако е мала веројатноста бебето да се смочи до таа мера да излезе од пелените и се натопат чаршавите, сепак поради блуцкањето, но подобро е да се стави нешто друго за бебето да не спие на гума.
  • Гумена простирка пресвлечена со памучен чаршав (1-2 п-че)


ПЕЛЕНИ, ЧАРШАВИ КРПИЦИ
  • Тетра пелени (20-30 п-че)...Се користат за широк повој, се стават под главата на бебето кога спие, за бришење кај блуцкања, може да се стават во количката како простирка, за бришење на бебето после бањајњата (повпивливи се од пешкирите) итн.
  • Шведски пелени или тнр. триаголници за повој (4-5 п-че)
  • Крпици 40 X 40 - Тосама, зарабени, малку подебели од газа, во пакувања се по 6-10 п-че. Ваквите крпици се згодни бидејќи се значително помали од тетра пелените, лесно се пеглаат. (за блтниси, за бањања)
  • Пешкири (2 -3 парчиња). Треба да се што поголеми (80 X 80 е задоволително) за да може мокрото бебе да се замота. Би било добро има и капуљача за бебешката глава.
  • Еднократни пелени 6-10 дневно (ако одлучите)


Кога се снабдивте (купивте, позајмивте), потребно е сета облека да ја исперете и подготвите за бебето. Препорачливо е детската облека да се пере одвоено од облеката на возрасните, бар додека се мали. Новата облека е доволно да ја исперете на 30 степени како би ја одстраниле прашината, а ако е позајмена, потребно е да се одстранат можните флеки и да се испере според упатството на етикетата. Обоената облека вообичаено се пере на 40 степени, а белата е доволно да се испере на 60 степени. Иако во машините за алишта вообичаено додаваме омекнувач, за детските алишта треба да ги избегнуваме, или да се користи некоја sensitive варијанта. На почетокоѕ, добро е после перењето да го повторите испирањето неколку пати...



bebi-stol

КОЗМЕТИКА И БАЊАЊE
  • Кадичка за бањање
  • Мал лавор за перење и миење - потребно е да се има бар два сада за миење на бебето. Една поголема за газето и еднапомала за лицето.
  • Крема за газето (Pavlovićeva или Бадемова)
  • Маслиново масло (за почеток се препорачува да се користи што помалку козметика и бебето е доволно да се бања со неколку капки маслиново масло)
  • Детски шампони, сапун или блага купка - во пошетокот не се потребни. Овие може да ги користите дури кога кај бебето ќе отпадне попчаната врпца и попокот ќе зарасте, и бебето ќе почне да се бања. Се препорачува во првите три месеци бебето да се бања или само во чиста вода или исклучиво со детски сапун, бидејќи детскиот сапун е најблаг по водата.
  • Baby масла за нега на кожата или теменцето - се користат за чистење и мачкање на местата околу половите органи - на прегибите и набори како вратот, колената, подрачја позади ушите... Да се користи мали количини.
  • Термометар за вода (водата треба да биде 36-37 степени)
  • Влажни марамици
  • Вата - во почетокот бебето се мие и брише се вата, така што се потребни поголеми количини вата.
  • Стапчиња за ушите (широки стапчиња)- првенствено се користи за чистење на папокот а за ушните школки, но никако не треба да се стават во ушите или носот на бебето, бидејќи ушната опна е доста близу и би можела да се оштети.
  • Ножици со тапи врвови
  • Четка (Чешал) - бебето е добро да се четка и кога нема многу коса како би можела да се спречи теменица, а чешелот е потребен подоцна (најчесто доаѓа во комплет).
  • Пумпица за нос (дури после вториот месец)


АПТЕКA
  • Genician violet 1% - се нанесува на ватирано стапче, и благо се мачка на кожата, во пределот на бубулиците, ако ги има бебето, обично се во пределот на газето и гениталиите.
  • Капки за нос - физиолошки раствор. Не се штетни, но бидејќи бебињата од породилиштето доаѓаат со секрет од носот, можете да ги набавите однапред.
  • D3 Капки - воден раствор. Бебето зема по 3 капки дневно од првата недела на животот (како превенција од рахитис). Во отпусното писмо од болницата ќе пишува дали мајката ќе зема иста количина.
За нега на папокот
  • Стерилни компреси - најмали стерилни гази. Потребни се на почетокот кога се стават на папокот кај бебето.
  • Bivacin прашок
  • Водород peroxid 3% - за чистење на папочната врвца - папокот додека не зарасне целосно (многу е подобро од алкохол).
  • Алкохол - за чистење на превијалиштето и садовите за миење на бебето.
bebi-monitor

ДОМАШНА АПТЕКА
  • Топломер - подобро дигитален, практичен е оној за уво или чело
  • Чепчиња - супозитории за смалување на температура (paracetamol)
  • Bepanthen маст - добра е за брадавици ако се отечени од доење или црвенило на газето
  • HIPP чај од коморач, против грчеви
  • Капки против грчеви
  • LASS baby сируп против затвор
bebi-monitor
 
Работи-предмети кои не се неопходни воколку доите
  • Шишенца, силиконски цуцли за млеко и чај
  • Цуцла лажовна (број 1)
  • Четка за миење шишенца
  • Стерилизатор
  • Грејач за шишенца


ЗА МАЈКАТА
  • Purlan - маст за брадавици.
  • Пумпица за извлекување млеко - ако е неопходна (внимание mastitis!!!)
  • Влошки за гради за доилки
  • Силиконски капки за брадавици
  • Градник за доилки - обавезно да се понесе во болница и веднаш стави. Градникот се носи непрекинато додека се дои.
  • Rivanol течност
  • Хигиенски влошки


Bebe-prostor
ТОРБИЦА ЗА ПОРОДИЛИШТЕТО
  • Здравствена книшка
  • Книшка за трудници
  • Потврда за крвна група и Rh фактор (останати наоди)
  • Гроздова маст или лабело за усни
  • Градник-брусхалтер за доење
  • Перничиња за градник
  • Наметка
  • Пластична чаша за сок, сок
  • Влечки (пластични)
  • Чорапи
  • Влажни марамици
  • Литература за читање
  • Неколку пакети влошки (VIR 80 или слични, најмеки се)
  • Спавачица-пижама со копчиња од предната страна (поради полесно доење) 1-2 п-че
  • Предмети за лична хигиена (четкичка, паста за заби, благ сапун, пешкири, шампон, крем за раце)
  • Гаќици (еднократни)
  • Крекери или некои други суви...
  • Мобилен + полнач

bebi-sediste


trend-socio

креатор
[објавено: 0/0/2009]

ИСПЕЧАТИ    ИСПРАТИ


Останати статии од оваа рубрика:

Dodaj RSS kanal Dodaj na iGoogle Bookmark
За што не објавуваат медиумите, не се ни случило.
ИНТЕРВЈУ
Интервју со
МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.


ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
Видео Интервју со ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИ
Филип Македонецот ...
за нашата иднина...
НА ДЕНЕШЕН ДЕН



Pascalin

  • BLOG
    World Wide Web

    ЖИВОТ 1.0

    Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.

  • MAIL
    Контакт

    Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.


  • SHOW
    Search This Site

    За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.

  • PROFILE
    Your Profile - ТЕСТ




Агенцииски ВЕСТИ (CNN)


Makedonski Vesti

ВЕСТ ПО ВЕСТ




Курсна листа
НБМ-NBM
Број: - -
продажен курс за:
дд. мм. 2009.
USD00146.3074
EUR00161.4129
GBP00167.3978
CAD00137.6305
AUD00130.9011
CHF00141.3332
 






ИНФО STYLE


КОМПАНИИСКИ НОВОСТИ


JukeBox
Мини плеер
ВРЕМЕ
Гевгелија 40°C
Find the Weather for any City, State or Zipcode, or Country

FASHION IN MACEDONIA


Хороскоп
       
       
       
...

АНКЕТА
ТЕСТ ПЕРИОД
Со што се мотивирани актуелните процеси во случајот Бошковски?
состојбата во Македонија
притисок од меѓународната заедница
вистината пред се
не го пратам случајот


резултати

За Cbox-от
Сервис за почеток...
Повеќе инфо за сервисот