ДОМ
ДОМ
И Н Т Е Р И Е Р
ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ
За Дневен престој воопшто
Дневната соба порано беше резервирана искличиво за посебни настани, додека денес во многу семејства стана
средиште на целокупниот куќен живот. До неодамна секоја соба во куќата имаше своја намена. Во дневната беа
примани гости, во трпезаријата се обедуваше а во библиотеката односно работната соба се работеше. Но во
последните дваесетина години во нашиот социјален живот се случи значаен пресврт - не само во поглед на
прием на гости, готвењето и обедувањето, работата и слободното време,туку и во семејниот живот воопшто,
така што многумина од нас им свртеа грб на дотогашните навики и непишани правила. Така што денешните
барања од дневните соби како станбен и животен простор за целотосемејство станаа значајно поинакви и
побројни. Од една страна дневната соба и понатаму може да биде пополнета со вообичаениот мебел и да служи
за прием на гости и како репрезентативно опкружување, додека од друга страна стана и место за повлекување
во мир и тишина по напорниот работен ден, каде гледаме ТВ, слушаме музика или свираме, опуштено читаме
некоја книга или магазин, или пак работиме на сметачот. Покрај тоа дневната соба се повеќе ја користат и
децата. Се помногубројните очекувања од дневната соба како и нејзиното се поголемо значење, како средиште
на сите куќни збиднувања не одведоа неминовно кон и до новите облици на уредување. Преградните зидови се
одстрануваат како би се зголемил "животниот простор". Се поомолени се големите кујни со посебен агол за
седење. Готово секогаш во аголот видливо е поставен ТВ и стерео-уредите, а секако како неизбежен инвентар
е сметачот со пратечките уреди. Без оглед на тоа дали ќе се одлучите за засебна соба или пак за голема
повеќенаменска просторија, важно е да дневната соба одговара на Вашите потрби и наклонетости. Таа би
требало да биде место на кое ќе се чувствувате угодно и опуштено со Вашето семејство и Вашите пријатели.
Дали уредувањето на крајот успеало, ќе дознаете по тоа колку време поминувате во Вашата дневна соба.

ПЛАНИРАЊЕ
Откако на уредувањето веќе не се полага толку внимание поради традиционалните предрасуди, уредувањето на
дневната соба нуди безброј можности и е секако предизвик. При тоа од самиот почеток би требало да го испланирате
секој чекор - дури и тогаш кога сакате да внесете само мали измени. Најпрво запрашајте се што стварно сакате
да направите а потоа направете повеќенаменски простор кој нема само да ги задоволува Вашите потреби туку и ќе ги
исполнува естетските барања и стандарди.
Искористивост - ФУНКЦИОНАЛНОСТ
Денес живееме во далеку побрзо време отколку некогаш. Модерната технологија не ни овозможи повеќе слободно време,
напротив, таа ни дава чувство дека постои уште нешто повеќе што во еден ден би можеле и требале да направиме. Па
баш поради тоа можноста за одмор игра се поголема улога. Во многу семејни куќи распределбата на просторот е
сеуште поплично конвенционална: во приземјето се наоѓа посебен простор за готвење и ручање, потоа проширувањето
за седење и одмор, а кај оние шторасполагаат со луксуз на поголем простор постои уште и трпезарија која најчесто
се користи при важни поводи. Порано шпоретот беше јадрото во домот, пред да се отпочне со воведување на централни
системи за греење. Исто така имаше и заштеди се користеше само една сијалица!? Но со оглед дека ние нашиот живот
денес поинаку го уредуваме не би требало да не ограничуваат традиционалните представи за уредување на просторот.
Ако сакате својата дневна соба и понатаму да ја сочувате како формално место за прием на гости, можеби ќе одлучите
да ја интегрирате исвојата кујна, или можеби сакате доволно голема просторија во која се можни повеќе активности
за сите членови на семејството. Земете си доволно време за да размислите за тоа кои очекувања ќе ги поставите
пред својата дневна соба. Одлучете се помеѓу класичната дневна и просторија која ќе стане со радост исполнето
средиште на вашиот дом. Поточно се работи за голем предизвик кога треба да се створи станбен простор кој со
оглед на нашиот животен стил ќе задоволи мношто на потреби. И ништо не е невозможно. Без оглед натоа кои цели си
ги поставивте, мошете без мака да ги постигнете ако од самиот почеток не му препуштите ништо на случајот. Во првиот
чекор на планирање би требало да размислите за тоа на кој начин би сакале да го организирате својот секојдневен живот
во Вашата дневна соба. Сакате ли мирна соба за читање и одмор? Дали Ви е важно елегантно опкружување за прием на Вашите гости?
Кои потреби ги имаат останатите членови на семејството? Направете детална листа насите активности кои ќе се одвиваат во
таа соба. дали таа соба ќе биде првенствено наменета за гледање на ТВ? Треба ли в предвид да земаат и одредени хоби-и?
...продолжува во наредниот број
...арх...
Останати статии од оваа рубрика:
| РУБРИКИ |
| Насловна |
| Свет |
| Пари |
| Македонија |
| Регионал Инфо |
| Спорт |
| Култура |
| Хроника |
| Actual |

МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИФилип Македонецот ...
за нашата иднина...

| ОТВОРЕНО |
| Дом |
| Life Style |
| ИНФО Сервис |
| Занимливости |

- BLOG
World Wide Web
ЖИВОТ 1.0
Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.
- MAIL
Контакт
Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.
- SHOW
Search This Site
За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.
- PROFILE
Your Profile - ТЕСТ

Агенцииски ВЕСТИ (CNN)
| ВЕСТ ПО ВЕСТ |
| Курсна листа | ||
|
Број: - - продажен курс за: дд. мм. 2009. | ||
| USD | 001 | 46.3074 |
| EUR | 001 | 61.4129 |
| GBP | 001 | 67.3978 |
| CAD | 001 | 37.6305 |
| AUD | 001 | 30.9011 |
| CHF | 001 | 41.3332 |
![]() |
|
|
|
За Cbox-от Сервис за почеток... Повеќе инфо за сервисот |
|
|























