My Dobar Glas.Com
Dobar Glas Online
М А Г А З И Н

АКТУЕЛНО

АКТУЕЛНО

КИБРИТЏИИ (шибицери)


Macedonia '91
Македонија '91
На времето возрасните (да не кажеме постарите) генерации се сеќаваат на уличните организатори на „игри на среќа“. Нив ги имаше и по другите градови (најзначајно улично казино Камени мост Скопје), но Гевгелија како тогашно богато место им беше омилено. Сите деца ги викавме по називите на игрите – „Чичино“ (рулет), „Бело глувче среќа носи“ (лотарија) или „Сад га видиш-сад га не видиш“ – игра со мешање на кутивчиња од кибрит, под кое само под едно (а најчесто под ниедно) има топче. И бидејќи овие луѓе, главно роми, доаѓаа од просторите на поранешна СФРЈ, овие последните самите се нарекуваа шибицери, што на наше би било – кибритџии.

Веќе долго време ваквите улични коцкари ги нема и затоа помладите генерации и воопшто не знаат за нив. Но и тие и сите ние ваквите шибицери ги препознаваме на многу други, што е уште пострашно, повисоки места во општеството (што ти значи пазарно општество и конкуренција н.з). Тие во оваа наша земја Македонија, од улица како да поминаа во сите пори на животот и него за голема несреќа, ни го определуваат како да живееме. Ги има насекаде: од економија до образованието и од здравството до политиката. Шибицери, се од типот „сега го гледаш – сега не го гледаш“ или човекот, или делото, или изјавата, или уверувањето, или договорот, или ветувањето, сеедно.

Се, потсетува на скоро гледаната ТВ серија за Сталин. Кога му доаѓа партиискиот другар да каже што му ветил, Сталиновиот историиски егзекутор Берија со целата гледајќи на тоа како Големиот водач молчи, гордо изјавува – „Другарот Сталин рече и Другарот Сталин сега одрекува“. Е вакви перверзии денес во различни форми и на најразлични начини гледаме и слушаме низ медиумите, но и во обичниот живот (и тоа стана општествена норама н.з.). Дефинитивно шибицеритего имаат главниот збор, насекое ниво – локално и државно.


Можеби е претенциозно ние да се зафатиме со проблемот: Зошто ни е вака?
Но, како просечни граѓани (медиокритети н.з.) не сме ни глупи , ни тупи, ни прости, ни необразовани. Дури и традицијата за просечниот Македонец вели дека е марлив, вреден и итар човек. Слободољубив, чесен и гостољубив домаќин. Знае да трае, ама знае и да му „пукне филмот“ (не во сегашно време н.з.). Тоа се доблести и што го одржаа овој напатен народ и земја, низ сите фурии низ историјата и сите „сместувања“, од големите сили, како што ги има и денес, секакосо помош на наведените домашни – кибритџии.


Како инаку да се објаснат сите наши проблеми особено во текот на оваа наше 15 годишно осамостојување и општествено транзитирање, кога со помош на кибритџиите и нивната медиумска фаланга веќе заборавивме кој е кој, што е што, од што се осамостојуваме и кон што транзитираме. Како што гледаме само за последните неколку години:


* Заборавивме дека сме дел од НАТО (пактот за мир), па ни се смести војна (или што веќе беше тоа), како земја исклучок во Нато – структурите.


* Заборавивме дека сме дел од ЕУ (Договор за асоцијација и стабилизација со ЕУ), па на некаков Прачалник, за кој јавноста-народот не знае ниту што се прашува, ниту што се одговара, ниту кој одговара во него, ни се подметнува како врвно европско достигнување. На страна што повторно како земја исклучок, прашалникот ни стигна дури 4 (четри) години по Договорот за асоцијација и стабилизација

* Заборавивме дека немаме обележена граница со Србија (значи и со Косово)... . ...дигајки го неговиот легитимитет и секако спуштајќи го својот.


* Забораваме дека сме сеуште безимени, пасега грците ни се виновни што ситерат по свое со вишок нивни (и европски) пари, но и патриотизам , по каналите што им ги трасираа нивните (германски и дански) кралеви и принцови уште пред 150-тина години. Парите можеби ги немаме (иако за ова мора да ги имаме), но патриотизмот што го немаме, виновни се повторно домашните во соработка со странски кибртиџии...



Да набројуваме уште малку? Само уште малку.

* Заборавивме на ТАТ, на криминалот (ама цел од 1991-2005) при абнормалната приватизација (милениумскиот грабеж досега незабележан во ... н.з.), комплетните општествени мито и корупција, пане замајуваат само со судството (во кој се најдени 250 двестотини и педесет евра мито), забораваме на сите катастофални избори досега, па не сме сигурни во легитимитетот на сите досега избрани, вклучително и трите Претседатели на Републиката. Ги заборавивме „атентатот“, „авионската несреќа“ и „референдумот“ со чиј успех ќе се направеше оваа земја и нејзините граѓани да бидат горди респектабилни и влијателни кај најголеми противници.

Сепак да не изгледа толку црно, не терат да се сетиме на нашите бранители во Хаг и (сеуште привремено) ни ги ослободија оние од „Раштански“ и повторно Хаг. Само да заборавиме кој и зошто тоа сите нив, но и нам, ни го „смести“ ...


Сега пак останува едно извесно време да не замајуваат дали да убиеш дванаесет заложници е убиство, дали да врежуваш иницијали на човечка кожа е малтретирање, дали да дигнеш два млади животи во воздух е злочин, дали да се палат сеуште живи ранети, постои командна одговорност или при рушење и скврнување на цркви и манастири постои кривично дело, верска и национална нетрпеливост.


Се извинуваме на авторот но текстот што следува помеѓу ќе го објавиме по претседателските избори од причини да не ни тропнат на врата.


Ski Kozuf
Ски Кожуф



За загревање ни ги покажуваат, многу важните нивни чинители, главно „професорски умови“, кои и самите заборавиле од каква провиниенција се, што рекле, што мислеле и за што се залагале до пред само неколку дена. Но сепак помно пратат кој ги ангажира и особено за колку пари.




П.С. Заради сето ова Америка (САД) е Америка, а Македонија не се знае што е.

САД имаат цементиран устав од 8 (осум) страници веќе 230 години, кој е исполнет со патриотизам и неприкосновено право на приватна сопственост и претприемништво. Измислено геометријско знаме кое го бацуваат и под кое умираат со векови, домаќини и авантуристи, интелектуалци и криминаци, од најразлични народи и раси, но сите се американски патриоти. За името никој не смее да им зуцне, иако му припаѓа на обичен средновековен италијански морнар.

Просечниот Американец ниту е попаметен, ниту е пообразован, а особено не поголем домаќин од нашиот Македонец, но разликата е во тоа што нему не му виси над глава постојано некој кибритџија, од типот „сега го гледаш – сега не го гледаш“. И ако ги оставиме нашите шибицери, да продолжат со својата игра и невидливото топче, нема да не спасат сите Ханс-Лотар Штефани и професори по канадските и американските универзитети, кои меѓу ретките останаа да се залагаат за нашите интереси (да ја зборат Вистината н.з.). А и со големо право ќе се прашува валандовчанецот професор Ѓ.И., дали ќе го засилиме феудализмот со новата локална самоуправа, бидејќи и досега нашите маѓесничари-кибритџии, се однесуваа како да е оваа земја збирштина на нивни локални феуди. Сепак врти-сучи, пак се од нас зависи (теоријата на Мах Вебер за интеракцијата помеѓу структурите и суперструктурите, го тврди спротивното н.з.), колку и да изгледа илузорно, време е да го погодиме кутивчето, да го најдеме топчето дури иако е во џебот на кибритџијата и да му удриме клоца.




П.П.С Ова беше илузорно и во Бугарија и во Романија, ама ете што бидна со нив откако истргаа многу уши и изудрија многу клоци на нивните кибритџии (шибицери).








креатор
[објавено: 0/0/2009]

ИСПЕЧАТИ    ИСПРАТИ


Останати статии од оваа рубрика:

Dodaj RSS kanal Dodaj na iGoogle Bookmark
За што не објавуваат медиумите, не се ни случило.
ИНТЕРВЈУ
Интервју со
МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.


ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
Видео Интервју со ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИ
Филип Македонецот ...
за нашата иднина...
НА ДЕНЕШЕН ДЕН



Pascalin

  • BLOG
    World Wide Web

    ЖИВОТ 1.0

    Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.

  • MAIL
    Контакт

    Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.


  • SHOW
    Search This Site

    За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.

  • PROFILE
    Your Profile - ТЕСТ




Агенцииски ВЕСТИ (CNN)


Makedonski Vesti

ВЕСТ ПО ВЕСТ




Курсна листа
НБМ-NBM
Број: - -
продажен курс за:
дд. мм. 2009.
USD00146.3074
EUR00161.4129
GBP00167.3978
CAD00137.6305
AUD00130.9011
CHF00141.3332
 






ИНФО STYLE


КОМПАНИИСКИ НОВОСТИ


JukeBox
Мини плеер
ВРЕМЕ
Гевгелија 40°C
Find the Weather for any City, State or Zipcode, or Country

FASHION IN MACEDONIA


Хороскоп
       
       
       
...

АНКЕТА