СПОРТ
СПОРТ
ЕКИПАТА НА ЛОГИСТИК НАЈДОБРА
Во период кога спортот во Гевгелија, не да е паднат на ниски гранки, туку е
такаречи под земја, вниманието на љубителите на спортот во Гевгелија го
привлече предновогодишниот турнир во мал фудбал Есперо 63.

турнир во мал фудбал ЕСПЕРО 63
Под ова име и порано се одржувале вакви турнири но по пауза од неколу години, луѓето
вљубеници во фудбалот, решија повторно да го организираат. Да ги спомнеме
нивните имиња. Тоа се Јанев Илија-Панта, Костовски Ѓорѓи-Мачки. Костадинов
Коста, Ристов Данчо, Беќаров Димитар и Дупаров Мирко. Место на настанот,
добро познатата спортска сала 26 април. Времетраење на турнирот од 13
декември до 4 јануари оваа година. На турнирот зедоа учество 28 екипи од
Гевгелија, Струмица, Богданци, Нов Дојран, Миравци, Моин и Мрзенци кои беа
поделени во 4 групи со по 7 екипи.

турнир во мал фудбал ЕСПЕРО 63
По разигрувањето по групи, првите 4
екипи од секоја група се пласираа во нокаут фазата. По интересните натпревари
кои ги следеа голем број гледачи, во борба за наградите останаа екипите на
Шумско Кожуф од Гевгелија, хотел Истатов од Нов Дојран, Логистик од Гевгелија
и екипата на Струмица од истоимениот град. Во борбата за третото место се
сретнаа екипите на Струмица и хотел Истатов. Бидејќи натпреварот во регуларниот
тек заврши нерешено, по подобро изведување на пенали третото место го освои
екипата на Струмица. Во големото финале, во еден неизвесен натпревар се сретнаа
екипите на Логистик и Шумско Кожуф и двете од Гевгелија. Со резултат три
спрема два победници на овогодишниот турнир Есперо 63 станаа фудбалерите на
екипата на Логистик во состав-Никола Минчев, Костадин Јанев, Крсте Тодоров,
Лазе Грбашлиев, Саше Ристовски, Мирче Попов, Игор Зајков и Роберт Трајков.

турнир во мал фудбал ЕСПЕРО 63
Победниците ја освоија наградата од 100.000 денари, второпласираните доија
80.000, третиот тим подели 50.000 денари а четвртопласираните заминаа дома
со 30.000 денари. За најдобар голман беше прогласен Чурлинов Пепи, додека
за најдобар играч и воедно голгетер со 6 постигнати голови заслужено беше
прогласен Крстев Даниел. Честитки до организаторот, со желба до година турнирот
да биде збогатен со уште повеќе екипи и тоа не само од овој регион туку и
пошироко. За да овој турнир остане овековечен на фотографии, се погрижи студиото Фото Спектар.
...
| РУБРИКИ |
| Насловна |
| Свет |
| Пари |
| Македонија |
| Регионал Инфо |
| Спорт |
| Култура |
| Хроника |
| Actual |

МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИФилип Македонецот ...
за нашата иднина...

| ОТВОРЕНО |
| Дом |
| Life Style |
| ИНФО Сервис |
| Занимливости |

- BLOG
World Wide Web
ЖИВОТ 1.0
Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.
- MAIL
Контакт
Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.
- SHOW
Search This Site
За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.
- PROFILE
Your Profile - ТЕСТ

Агенцииски ВЕСТИ (CNN)
| ВЕСТ ПО ВЕСТ |
| Курсна листа | ||
|
Број: - - продажен курс за: дд. мм. 2009. | ||
| USD | 001 | 46.3074 |
| EUR | 001 | 61.4129 |
| GBP | 001 | 67.3978 |
| CAD | 001 | 37.6305 |
| AUD | 001 | 30.9011 |
| CHF | 001 | 41.3332 |
![]() |
|
|
|
За Cbox-от Сервис за почеток... Повеќе инфо за сервисот |























