СВЕТ
СВЕТ
НЕМА ВЕРОДОСТОЈНА ЗАКАНА ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА

Michael Chertoff
Стално ги проверуваме разузнавачките информации за да видиме дали има опасности
поради кои би требало да се грижиме. Тоа ќе продолжи и во текот и на самата
инаугурација. Ние дословно ќе ја пратиме секоја минута од сега па се до
завршување на настанот на 20 јануари, рече Чертов.
CNN извести, дека министерот Чертов кој на инаугуарцијата, парадата, баловите
и другите настани ќе ги надгледува од посебен мултиагенциски команден центар,
е посебно загрижиен за можноста да се појави осамен волк, поединец кој
би било тешко да се открие како безбедносна закана.
Чертов исто така изрази загриженост дека граѓаните нема доволно добро да се
подготват за студениот бран кој се прогнозира за вторник со највисоки температури
околу нулата. Тој ги отфрли критиките на сметка на органозаторот на инаугуарицијата
дека со огромните мерки на безбедност ќе се расипе манифестацијата.
Не сакаме тоа да го направиме воен камп бидејќи би го расипале самиот
настан, меѓутоа сакаме да имаме доволно капацитети за да можеме да се
носиме со предвидливи закани, рече тој.
Чертов должноста ја напушта ден подоцна од своите колеги од владата - 21
јануари, после завршетоко на операцијата за обезбедување на инаугурацијата.
Инаугуарацијата на Барак Обама за 44 претседател на САД ќе биде најголемото
јавно собирање во историјата на Вашингтон и најголема безбедносна операција,
поради очекувано доагање на 2 милиона луге.
За обезбедување на инаугурацијата се ангажирани 8 илјади полицајци од Вашингтон
и сите краишта на Сад, 10 илјади припадници на националната гарда, повеќе
од илјада агенти од ФБИ, како и непознат број припадници на тајните служби
и против терористичките одреди. Уште 20 илајади припадници на националната гарда ќе бидат во
висок степен на подготвеност.
Тајната служба ќе ја координира безбедноста на инаугуарацијата, во која се
вклучени 58 различни агенции. Во обезбедување се вклучени и одредите со кучиња
за откривање на експлозиви, полицајци на коњи на контрола на маси,
а во градот се поставени илјадници контролни камери.
Обама го заврши инаугурациското патување Philadelphia - Washington.
WASHINGTON - Обама експрес,специјален воз со кој избарниот американски претседател Барак Обама Во саботата напладне тргна на инаугурациското патување во Филаделфија околу 19 часот, по локално време, пристигна во Washington, каде расте возбудувањето во пресрет на историската инаугурација на првиот црнечки претседател на САД, на која во вторник се очекуваат 2 милиони луѓе.
Со повторувањето на патот на својот политички идол Abraham Lincoln на инаугурацијата 1861. година, Обама во саботата ги одржа говорите на пригодните места на патувањето во Филаделфија, Вилмингтон и Балтимор, потсетувајќи ги сонародниците со идеалите на втемелувачите на САД, на предизвиците со кои земјата е соочена повикувајќи ги да со заеднички напори ја обноват Америка и ги спроведат промените ветени во предизборната кампања.
Во Балтимор најголемото пристаниште на источното крајбрежје на САД, со 65% црнечки жители, срдечно го дочекале околу 40000 смрзнати граѓани. На возот во својот роден Вилмогтон, во државата ДелВаре, се качи избраниот подпрецедател Joe Biden со сопругата. Во текот на одржувањето на говорот, кога членовите на семејството Обама и Биден излегоа на говорница, собрани ја испееја Happy birthday за Michelle Obama, која во саботата наполни 45 години.

Возот наречен Обама експрес, беше композиција со 10 вагони, вклучително и 80-годишниот салон- вагон Џорџија 300, од чија платформа Обама ги поздравуваше граѓаните кои на десетици, стотици се собираа кај попатните станици. Со возот патуваа и неколку стотина поканети граѓани, функционери и новинари.
Во вечерните часови возот пристигна во Вашингтон, на главната железничка станица Union Station од каде претседателската колона се упатила кон Blair House, службената резиденција за гости во Белата Куќа, во која по традиција избраниот претседател ја чека инаогуарацијата.
вест свет вест
| РУБРИКИ |
| Насловна |
| Свет |
| Пари |
| Македонија |
| Регионал Инфо |
| Спорт |
| Култура |
| Хроника |
| Actual |

МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИФилип Македонецот ...
за нашата иднина...

| ОТВОРЕНО |
| Дом |
| Life Style |
| ИНФО Сервис |
| Занимливости |

- BLOG
World Wide Web
ЖИВОТ 1.0
Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.
- MAIL
Контакт
Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.
- SHOW
Search This Site
За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.
- PROFILE
Your Profile - ТЕСТ

Агенцииски ВЕСТИ (CNN)
| ВЕСТ ПО ВЕСТ |
| Курсна листа | ||
|
Број: - - продажен курс за: дд. мм. 2009. | ||
| USD | 001 | 46.3074 |
| EUR | 001 | 61.4129 |
| GBP | 001 | 67.3978 |
| CAD | 001 | 37.6305 |
| AUD | 001 | 30.9011 |
| CHF | 001 | 41.3332 |
![]() |
|
|
|
За Cbox-от Сервис за почеток... Повеќе инфо за сервисот |























