ХРИСТИЈАНСТВО
ХРИСТИЈАНСТВО
ВОДИЦИ 2009 ГОДИНА ГОСПОДОВА
ИМА ВО МЕНЕ НЕКОЈА БОЖЈА СИЛА.
И таму се случи нешто необично бог им се јави на лугето.Затоа денешниот
ден се нарекува Богојавление. Бог се јави со своите три лица. Синот се
потопи во јорданските води, отецот ја посведочи својата љубов кон него
и му остави во аманет послушност, него послушајте го. Светиот дух во
вид на гулаб лебдеше над спасителот. Така Бог се јавил на светот.
Прекрасното време, речиси пролетно со температура од 16 степени, неработниот ден,
направија двата брега на реката Вардар да бидат преполни со луѓе кои нестрпливо
очекуваа кој оваа година ќе го фати крстот и кој ќе има среќа целата 2009 година.
Понеделник, 19 Јануари 2009 година, крај водите на Вардар како
еден вид македонски Јордан, собрани се неколку стотини жители
на Гевгелија и околината. Како и секоја година, така и оваа,
дојдени се да го одбележат по христијански, еден од најголемите
христијански празници, богојавление.Ниту студеното време, ниту
пак секојдневните работи, не може да ги спречат сите верници да
се наредат крај Вардар и да очекуваат кој оваа година ке го фати
крстот и кој ке има срека цела 2009 година.Веке од 10 часот
многумина пеш или со автомобили се упатуваат на мостот на Вардар,
каде традиционално, секоја година, свештениците од Гевгелиската
Епархија, ги осветуваат водите на Вардар, а потоа го фрлаат
осветениот крст по кој храбрите момчиња скокаат во студените
води на Вардар во обид да го фатат крстот.Се вели, а нема причина
да не се верува, дека ниту студот ниту студените води не му можат
ништо на оној кој се решил да скока, ако скока полн со верба и љубов кон Господ Бог.
Овој празник се празнувал уште во вториот век од христијанската ера.
Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од св.Јован кој
оттогаш се нарекува Крстител. Овој празник се нарекува богојавление,
а множината укажува дека во себе ги собира сите богојавленија од
почетокот на векот и светот, а за време на крштевањето на Исус Христос,
Бог јасно и конечно се пројави како света тројца, отец,син и светиот дух.
Овој празник се нарекува и Водици, заради големиот водосвет што
го извршува црквата на овој ден. Големиот водосвет симбол на обновувањето
на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух.

Фото Добарглас
Оваа година повеке храбри момчиња ке бидат подготвени да скокнат во студените води на Вардар, некои од нив ке се решат да скокат од брегот а некои од мостот. Сите нив ќе ги води желбата да ја докажат својата љубов кон господа, а многу помалку помислата на подароците кои ке бидат подготвени за нив. Овој пат градот Гевгелија и градоначалникот сигурно ќе подготват соодветен подарок.
Откако ке бидат извршени сите црковни церемонии, крстот ќе се фрли во немирните води на Вардар, по него ќе скокнат момчињата, но среќа да го фати осветениот крст ке му припадне само на оној кој е од бога избрн, а тоа по седми пат беше Сашо Михајловски.
Кога момчето што го фати крстот ќе пристапи на мостот ќе биде пречекан од Отец Маријан кој го благослови и ке ги каже следните зборови: „ Господ нека дарува здравје, мир и спасение на сите гевгеличани, крстот што ти Сашо го извади од Вардар и што ке го носиш сега во секоја куќа каде ке влезеш нека носи здравје, мир и спасение.Да не се злоупотреби во ниеден момент бидејки крстот е најсвето нешто што постои во црквата. Те благословувам.“

Фото Добарглас
По овие зборови на Отецот Маријан и градските врховници ке му
се обратат на момчето што го фатило крстот со соодветни зборови и пораки.
Откако замина со своите пријатели во мотелот Вардар да се облече и малку закрепне,
пред да почне да поминува покрај масите и да го покажува крстот Добар глас ги забележа
овие размислувања на Сашо.
"Среќен сум што по седми пат успеав да го фатам светиот
крст, што за мене претставува голем чин. Се чувствувам благословено, цела ноќ пред
настанот не можам да заспијам, ми доаѓаат чудни сонови како во мене да има некоја
божја сила. Немам некоја претходна стратегија за тоа како да го фатам крстот освен
што два дена одам на Вардар за да го разгледам местото, решавам дали да скокнам од
мостот или не, бидејќи во Вардар има многу дрва и е опасно ако не го знаеш теренот.
Тринаесет години учествувам на оваа манифестација и веќе повеќето луѓе ме познаваат.
На крајот сакам на сите граќани на Гевгелија да им посакам многу здравје, бериќет и
нека биде среќно и благословено летото господово 2009-Со господ напред".

Фото Добарглас
На вакви празници, да си поднесеме отчет на себе.
Да се просветлиме.
Да се очистиме. Да се измиеме за да го видеме бога, за да го чуеме
неговиот глас и да постанеме достојни наследници на вечниот живот.
по своите корени
| РУБРИКИ |
| Насловна |
| Свет |
| Пари |
| Македонија |
| Регионал Инфо |
| Спорт |
| Култура |
| Хроника |
| Actual |

МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИФилип Македонецот ...
за нашата иднина...

| ОТВОРЕНО |
| Дом |
| Life Style |
| ИНФО Сервис |
| Занимливости |

- BLOG
World Wide Web
ЖИВОТ 1.0
Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.
- MAIL
Контакт
Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.
- SHOW
Search This Site
За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.
- PROFILE
Your Profile - ТЕСТ

Агенцииски ВЕСТИ (CNN)
| ВЕСТ ПО ВЕСТ |
| Курсна листа | ||
|
Број: - - продажен курс за: дд. мм. 2009. | ||
| USD | 001 | 46.3074 |
| EUR | 001 | 61.4129 |
| GBP | 001 | 67.3978 |
| CAD | 001 | 37.6305 |
| AUD | 001 | 30.9011 |
| CHF | 001 | 41.3332 |
![]() |
|
|
|
За Cbox-от Сервис за почеток... Повеќе инфо за сервисот |























