АМФАКСИТИДА
АМФАКСИТИДА
МАЛ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ
Секој што барем еднаш случајно навратил во Гевгелија, со намера доаѓа повторно.
Сите пријатели на Гевгелија велат дека една од главните карактеристики на гевгеличани
е да бидат срдечни и добри домаќини. Духот на нашата историја и почитта кон традицијата
и обичаите, кои се вткаени во секој гевгеличанец,претставуваат основа за постојната
отвореност кон секој намерник и подготвеноста сите убавини, сите добрини и вредности
на овој крај да ги покажуваме на странците. Од овој крај ретко кој заминал без да
понесе со себе грст убави доживувања и прекрасни спомени. Ако, драги пријателе,
првпат наминуваш низ ова место прочитај ги овие редови и тие нека претставуваат мал
вовед кога влегуваш во овој град во прекрасната сончева Јужна долина.

Гевгелија во зима
Гевгелија се наоѓа на надморска височина од 64 метри и зафаќа површина од 317 квадратни
километри. Во нејзините граници има 12 населби. Именувана како рамна ко тепсија,
Гевгелија е горда на својата местоположба, на десното крајбрежје на реката Вардар,
во предворјето на Кожуф и Пајак планина. Најблиските аеродроми се оној во Скоје
кој е оддалечен 163 километри и оној во Солун,Република Грција кој е на оддалеченост од само 70 километри.
Како град Гевгелија почнала да се развива од средината на 19 век,за да го добие
вистинскиот лик во 1886 година, кога станува седиште на посебната Гевгелиска каза.
Стопанскиот развој започнува во годините помеѓу 1860 и 1912 година кога започнува
развојот на мануфактурното и индустриско производство, а самиот град,познат како
град од станица до граница,ќе биде познат по многубројните занаетчиски дуќани.
Гевгелија со право ја нарекуваат и европска порта за сите кои тргнале кон север,
со дух кој се напојува од извориштето на православната вера. Јазикот на кој зборуваат
гевгеличани е македонски со долновардарски дијалект. Затоа немојте да се изненадите
кога ќе чуете како гевгеличани зборуваат брзо и течно без да внимаваат на стандардот и на акцентот на јазикот.
Доколку сакате да поминете еден ден во Гевгелија, вистински предизвик за сите вас ќе
биде некои места во центарот на градот како и во неговата околина, кои ви нудат бескрајни
можности да ја задоволите вашата љубопитност. Градската архитектура во Гевгелија е со
препознатлив стил кој во поново време се обидуваат да го зачуваат локалните институции
кои се грижат за зачувување на автентичните вредности на Гевгелија.
Библиотеката во Гевгелија е формирана во далечната 1945 година со почетен фонд од само
500 книги. Денеска таа располага со над 70.000 книги,1000 томови весници и списанија,
околу 400 ретки книги и 200 наслови од роднокрајни автори. Во неа се наоѓа и еден о
оригиналите на книгата Огледало на Кирил Пејчиновиќ, отпечатена во 1816 година во Будим.
Најстарата црква во градот е Свети Спас, изградена во почетокот на 19 век. Во чест на
Спасовден, во Гевгелија се организира дводневен панаѓур. Црквата Свети Кирил и Методиј
се наоѓа во близина на градското шеталиште и е изградена во 1895 година. Најмасовно е
посетена за време на Велигденските празници, кога секој доаѓа да го одбележи Христовото воскресение.
На самиот влез на Гевгелија се простира археолошкото наоѓалиште Вардарски рид. Предметите
што се пронајдени на ова место а кои потекнуваат од 5 век пред нашата ера,
зборуваат за цивилизацијата што живеела на овие простори. Уште се утврдува дали се работи
за населбата Аталанта или пак за населбата Гортинија, градови чии остатоци се наоѓаат во
Македонија. Одмаралиштето Смрдлива вода на Кожуф пламина се наоѓа на височина од 850 метри
и на оддалеченост од 24 километри од градот. Позната е по минералната вода и нејзината
лековитост особено за стомачните и бубрежни заболувања. Покрај самиот пат за Смрдлива вода
се наоѓа Конска река која предизвикува со своите диви предели но и со ендемичните видови
растенија како што е дрвото ГОЛ ЧОВЕК.Листата му се јајцевидни а цветовите распоредени како
гроздови. Ако сте ловџија, Гевгелија ви го нуди ловиштето Милисин со 300 хектари букова и
дабова шума, а кое се наоѓа на 19 километри далеку од градот.
Ловиштето располага со ловечка куќа за одмор,а ловџиите може
да уживаат во ловот на диви свињи,срни и елени.
Негорските бањи се на само 4 километри од Гевгелија и претставуваат еден од најважните туристичко
рекреативни центри во земјата не само поради лековитоста на водата туку и поради шумата која
ја опкружува бањата. Водата лекува ревматични заболувања, стерилитет, гастроинтестинални и
заболувања на кардиоваскуларниот систем. Гевгелија благодарејќи на малубројните ентузијасти
кои имаа визија својот сон да го претворат во јаве од неодамна го доби Ски центарот Кожуф кој
претендира, со право, да биде најпосетениот и најубав ски центар на Балканот. Најрепрезентативен
туристичко угостителски објект во градот е хотелот Аполонија со сопствено казино. Раполага со
100 легла, модерни кафе барови, ресторани но и со сала за состаноци и голема тераса. Веднаш до
овој хотел е хотелот Ашикот со 19 легла а во градот може да преноќите и во хотелот Пелагонија
кој располага со 204 легла. Доколку претпочитате да спиете надвор од градот, наш предлог е мотелот
Вардар со 96 легла или пак Негорските бањи со респектабилни 330 легла. Во последно време Гевгелија
како полека да се претвара во македонски Лас Вегас. Веднаш до граничниот премин никна волшебниот
хотел Фламинго а спроти него во фаза на изградба е комплексот Принцес.
Мал број, за жал, од занаетите стари се зачувани. Оние кои ја продолжиле традицијата на старите
гевгелиски мајстори работат во дуќани не на своите прадедовци, туку во современи дуќани, со
што старата чаршија, за жал го изгуби својот автентичен изглед. Топлиот дух на гевгеличани
е преточен во срдечниот прием во некои од многуте угостителски дуќани, ресторани, пицерии и
кафеани што нудат домашни специјалитети зачинети со вкусот на медитеранската клима. Во сите
нив на крајот од оброкот може да се напиете од убавото Паскалин кафе кое се произведува во Гевгелија.

ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ
Ако обележје на секој град е културата и традицијата, гевгеличани може да се пофалат со повеќе
манифестации, почнувајќи од Априлијадата, Смоквијадата, Гитаријадата, преку детскиот фестивал
Калинка па се до културното лето. Гевгеличани уште ќе ви се пофалат и со
манифестациите од типот на Ликовната колонија Дојрана.
За крај, ако сакате со себе да понесете нешто од градот на јужната сончевина, покрај археолошките
сувенири кои може да ги најдете во хотелот Аполонија, Туристичкото биро и Народниот музеј, не ги
заборавајте производите на Зора, Випро или специјалните вина на Винарските визби Маркудов и Јосела.
Ако Ви се допадна што нудиме, ДОЈДЕТЕ НИ ПОВТОРНО!
...
| РУБРИКИ |
| Насловна |
| Свет |
| Пари |
| Македонија |
| Регионал Инфо |
| Спорт |
| Култура |
| Хроника |
| Actual |

МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИФилип Македонецот ...
за нашата иднина...

| ОТВОРЕНО |
| Дом |
| Life Style |
| ИНФО Сервис |
| Занимливости |

- BLOG
World Wide Web
ЖИВОТ 1.0
Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.
- MAIL
Контакт
Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.
- SHOW
Search This Site
За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.
- PROFILE
Your Profile - ТЕСТ

Агенцииски ВЕСТИ (CNN)
| ВЕСТ ПО ВЕСТ |
| Курсна листа | ||
|
Број: - - продажен курс за: дд. мм. 2009. | ||
| USD | 001 | 46.3074 |
| EUR | 001 | 61.4129 |
| GBP | 001 | 67.3978 |
| CAD | 001 | 37.6305 |
| AUD | 001 | 30.9011 |
| CHF | 001 | 41.3332 |
![]() |
|
|
|
За Cbox-от Сервис за почеток... Повеќе инфо за сервисот |
























