LIFESTYLE
LIFESTYLE
ПАТУВАЊА
патување СОЧА

Ќе ја посетиме Соча, елитно руско летувалиште на Црното море, да почнеме со
Државниот театар и операта 'Евгениј Онегин' која
настанала по либретото на Александар Пушкин кој во Соча, најтоплото место во
Русија, имал свој летниковац. Соча и нејзината околина изобилуваат со неверојатно
убави паркови со палми, платанами и еукалиптуси. Градот од една страна го заплускуваат
таласите на Црното море, а од друга страна се издига Кавказ, со своите стално оснежени врвови.
На површина помала од 3600 метри квадратни можете да се најдете во различни климатски зони.
Кањони, водопади, шеталишта
Благодарение на единствената положба, Соча е најпопуларното
руска туристичка дестинација; во летото го запоседнуваат милиони туристи желни за
освежувањата во морето, во зима од љубителите на зимските спортови, а пак во текот на целата
година е запоседната од оние кои уживаат во екстремните спортови. Овде на дофат се кањоните,
брзите планински реки и водопади, непроодните шуми, пештери, но иуреденото со километри долго
шеталиште покрај крајбрежјето на Црното море. Соча денес е едно големо градилиште, во неа во 2014 год.
ќе се одржат зимските олимпијски игри, веќе се градат спортките објекти и терени,
луксузните хотели и деловно-стамбените згради (најчесто метар квадратен чини најмалку 5000 евра),
олимпијското село...
Црвената ливада
Зимските олимпијски игри ќе се одржуваат на две места: на скијалиштето
'Красна Пољана' (Црвена ливада) и во долината на реката Мзимта, околу 40 км одалечено од градот
(таму ќе бидат сместени терените за алпско и нордијско скијање, биатлон, снуборд (snowboard), скијашките
скокалници и боб стазата), додека во самата Соча, каде на крајбрежјето од Црното море ќе се
подигнат терените и двораните за брзо и уметничко лизгање како и олимпијското село.
Инаку чест гостин на скијалиштата на 'Красна Пољана' е Владимир Путин кој таму доаѓа со хеликоптер.
Сталиновата дача
Соча е основана во 1838-та под името Александрија како воено
упориште-тврдина. Населбата во 1896 го добива статусот на град како и денешното име. Во некогашниот
Советски Сојуз се развивало како туристички центар, посебно откако Сталин во близината изградл дача.
На неговото владеење потсетуваат монументални зданиа, како главната железничка станица изградена во 1952.,
која станала заштитен знак на градот бидејќи со самото доаѓање на посетителот прво ја здогледува,
како и бројните музеи и пристаништето.

Најмногу Американци
Инаку, жителите на Соча својот град, посебно самото крајбрежје
е преполно со ресторани, хотели, луксузни локали, продавници и штандови, најчесто го споредуваат
со француската Ница. Во повеќето рестоани се нудат сите видови на европси кујни, а најзастапена
е италијнската, која русите ја довеле до совршенство: поточно во секој рестран каде ќе ручате
храната е идентична како тоа да го правите во Италија. Но се е многу скапо. На пример, вечера за
две лица во грузијскиот ресторан 'Кавказ' (на посебен специјалитет), "котлет сочен" (јагнешки
котлети на жар) послужен со десетина видови свеж, еколошки одгледан зеленчук, и вино, чини скоро цели
400 евра. Во секој ресторан свири и состав на забавна музика паи тоа ги подига цените. Дискотеките
работат цела вечер и полни се со млади, а помеѓу странците најмногу се Американци.
Страв од настинка
Сонцето преку лето е доста јако, па можете да си купите сламен шешир кој чини
20 евра, но морето е инаку ладно со температура околу 18 степени па за оние кои се навикнати на
топлите мориња е незамисливо. Покрај тоа треба и да се грижите од настинка која неби требало да си ја
дозволите. Инаку сместување би били најдобро да си одберете во некој хотел на
крајбрежјето.

Зимски Олимпијски Игри 2014
авантурист
Останати статии од оваа рубрика:
| РУБРИКИ |
| Насловна |
| Свет |
| Пари |
| Македонија |
| Регионал Инфо |
| Спорт |
| Култура |
| Хроника |
| Actual |

МАКЕДОНСКИ ВЕСТИ
...имаме своја држава ...не постои институција која мисли на иселеништвото.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ
ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИФилип Македонецот ...
за нашата иднина...

| ОТВОРЕНО |
| Дом |
| Life Style |
| ИНФО Сервис |
| Занимливости |

- BLOG
World Wide Web
ЖИВОТ 1.0
Како да се остане анонимен на web, и секако да се избегне политичко апсење? - Повеќе.
- MAIL
Контакт
Забелешки, мислења и слично можете да оставите во понудениот формулар, или преку електронска пошта Контакт Страна.
- SHOW
Search This Site
За кириличнo пребарување користете Alt+Shift.
- PROFILE
Your Profile - ТЕСТ

Агенцииски ВЕСТИ (CNN)
| ВЕСТ ПО ВЕСТ |
| Курсна листа | ||
|
Број: - - продажен курс за: дд. мм. 2009. | ||
| USD | 001 | 46.3074 |
| EUR | 001 | 61.4129 |
| GBP | 001 | 67.3978 |
| CAD | 001 | 37.6305 |
| AUD | 001 | 30.9011 |
| CHF | 001 | 41.3332 |
![]() |
|
|
|
За Cbox-от Сервис за почеток... Повеќе инфо за сервисот |























